eTwinning проект - Ератостенов експеримент (реализација 2025)

 

ЕРАТОСТЕНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ

Веќе една деценија го изведуваме истиот експеримент и секоја година добиваме различни резултати. Денес мерењата се поинтересни затоа што ги вршиме со училишта од многу земји од светот и ги споредуваме резултатите.

Организиравме и eTwinning проект на истата тема во кој учествуваат училишта од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Македонија.
Автори на проектот се  Милијана Петровиќ  од СШ”17 септембар, Лајковац, Србија и Аида Петровска, ООУ Димитар Миладинов, Скопје, Македонија.


ЕРАТОСТЕН ОД СКОПЈЕ

ОД ООУ “ДИМИТАР МИЛАДИНОВ”

Нашиoт експеримент го изведовме на 20 март 2025 година, кога Сонцето беше во зенит над екваторот, односно кога сончевите зраци паѓаа нормално на местата околу екваторот. Претходно ја одредивме оддалеченоста на нашето училиште од екваторот.

Ја измеривме сенката на вертикален стап долг 100 см.

На пролетната и есенската рамноденица, сончевите зраци паѓаат нормално на екваторот, па вертикално поставениот стап на екваторот нема сенка. Овој случај ја претставува „Асуан (Сиена)“, а Скопје ја претставува Александрија.

Соларното пладне го одредивме користејќи „Local to Solar Time Converter“. За пресметување на соларното време, доволно беше да ја внесеме географската должина и точното локално време.

На 20.03.2025 година ја измеривме должината на сенката (средна вредност од пет мерења), која изнесуваше 93,5 см. Оваа должина одговара на агол од 42˚ помеѓу стапот долг 100 см и хипотенузата на правоаголниот триаголник, чии катети се сенката и стапот. Овој агол α е еднаков на аголот што го сече лакот на меридијанот во точките на екваторот и нашето училиште.

Растојанието од Скопје до Eкваторот го одредивме со Google Earth и добивме приближно 4667,46 км. Овој резултат го проверивме и со географска карта на светот во размер 1:80.000.000, а исто така добивме сличен резултат со помош на ChatGPT.

НАША ПРЕСМЕТКА:

360 ˚: 42 ˚= 8.5714285

8.5714285 x 4667,46 km = 40006,8 km







Comments