Eratosthenes experiment / Eratostenov eksperimenat / Ератостенов експеримент

 ИСТОРИСКИ ЕКСПЕРИМЕНТ НА ЕРАТОСТЕН:

Математичарот, астрономот и географот Ератостен (276 – 194), бил голем филозоф и логичар и успеал со голема точност да ја одреди обиколката и  радиусот на Земјата. Приказната за ова негово откритие е многу позната, а за неа пишувал и Карл Саган во својата книга “Космос”. 

Додека бил управник во Александриската библиотека Ератостен  прочитал еден папирус на кој пишувало дека во градот Асуан (Сиена) во време на летна рамноденица, 21 јуни, човек може да се огледа од мирна површина на вода во еден многу длабок бунар.

Од овој напис Ератостен заклучил дека таму сончевите зраци паѓаат нормално на површината од Земјата, односно на 21 јуни – летна рамноденица, точно на пладне во Асуан (Сиена) предметите не образуваат сенки и поради тоа е возможно да се види водата во длабокиот бунар. Во исто време во Александрија предметите образуваат сенки.

Оваа различно однесување на предметите, односно образување на сенки во Александрија и необразување на сенки во Асуан (Сиена)  го навело Ератостен да размислува  дека планетата Земја има тркалезна форма. Решил подобро да ја истражи оваа појава и точно на пладне, на летна рамноденица ја набљудувал сенката на еден вертикален столб во Александрија.

Го измерил аголот помеѓу столбот и сончевите зраци кој изнесувал 7,12 ˚. На песокливо тло го нацртал пресекот на планетата Земја во должина на меридијан. Ги поставил градовите Асуан (Сиена) и Александрија, а потоа ги нацртал сончевите зраци кои доаѓаат паралелно до површината на Земјата и нормално паѓаат на градот Асуан (Сиена). Истите зраци не паѓаале нормално на градот Александрија и затоа образуваат сенки. Се израдувал на оваа откритие. Оваа е доволен доказ дека Земјата е тркалезна, а не рамна плоча како што долг период  се верувало, а и до ден денешен некои веруваат дека е така. Тогаш дошол до идеја, да ја пресмета обиколката на Земјата. Набргу сфатил дека ги нема сите податоци и дека му е потребна вредност за растојание помеѓу Асуан (Сиена) и Александрија.

Замолил еден пријател кој често патувал на оваа релација со карван камили, да ги брои чекорите и на тој начин да го одреди растојанието помеѓу овие два града. Му помогнале сите луѓе што чекореле уз камилите, да дојдат до поточен резултат и изброиле милион чекори. Знаејќи ја средната вредност на еден чекор, пресметале дека се работи за 5000 стадиуми (египетски стадиум – тогашна единица мерка, со вредност од околу 157,5 метри). Со овој податок Ератостен многу едноставно ја пресметал обиколката на Земјата.

По детално разгледување на скицата што ја направил  на песокливото тло заклучил дека и централниот агол во центарот на Земјата изнесува 7,12 ˚. Аголот од 7,12 ˚ е 50 пати помал од 360 ˚, тоа значи дека обиколката на Земјата е 50 пати подолга од оддалеченоста на Александрија од Асуан ( Сиена).

Пресметка на Ератостен:

360 ˚: 7,12 ˚= 50

Александрија – Асуан (Сиена) = 5000 стадиуми

Обиколка на Земјата: 50 x 5000 = 250000 стадиуми

1 стадиум = 157,5 m

250000 x 175,5 m = 39375000m = 39375 km

Ова Ератостенова пресметка е многу блиска до вистинската вредност која изнесува 40008 km .


ЕРАТОСТЕНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ





Comments